Принцот Вилијам им оддаде почит на жртвите од нападот во Крајстчрч

За време на неговата посета на Нов Зеланд, британскиот принц Вилијам беше пречекан со хонги, традиционален маори поздрав со притискање на носовите, од страна на премиерката Џасинда Ардерн, за време на комеморациите кои беа одржани во помен на нападите во Крајстчрч.

Вилијам беше дочекан со традиционален поздрав хонги, а потоа заедно со Ардерн присуствуваа на комеморацијата во Окленд пред да отпатуваат за Крајстчрч. Шест недели откако се случи нападот на двете џамии во Крајстчрч, Вилијам е во посета на Нов Зеланд во име на кралицата, со цел да ги посети семејствата на жртвите. Тој исто така го посети Крајстчрч во 2011 година, откако се случи катастрофален земјотрес во кој животот го загубија 185 лица.
– Навистина сум благодарна што принцот Вилијам го посети Нов Зеланд за да ја даде својата поддршка за оние кои беа погодени од нападот и да покаже солидарност и сочувство – изјави премиерката Арднер.

Останати вести