Промовиран Прирачникот за иселеници

Минатиов четврток во просториите на Македонската опера и балет се одржа свеченост организирана од страна на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија каде е промовиран Прирачникот за иселеници, Сликовницата за изучување на мајчин јазик и Веб-страната, како нови проекти на Агенцијата.

На самата свеченост свои обраќања имаа министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов и професор д-р Верица Јанеска од Економскиот институт од Скопје, Република Македонија.
Целта на овој настан беше директно доближување на работата на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија до иселениците и иселеничките организации во земјите каде што се, давање на поддршка на иселениците во изучување на мајчиниот јазик, олеснување и приближување на сите информации за потребите на иселениците во делот на остварувањето на своите права во матичната земја преку Прирачникот за иселеници, како и точна и навремена информација за минатите, сегашните и идните проекти на Агенцијата за иселеништво на Р.М, преку новата Веб-страна.

Останати вести