Приведен поранешниот в.д. директор на Централен регистар

Поранешниот в.д. директор на Централниот регистар, Андреа Поповски, е уапсен и приведен во полиција. Обвинителството го сомничи дека сомнеж дека ги злоупотребил службената положба и овластувањата односно вработил сопартијка која дури не доаѓала на работа а добивала плата.

Според извори од Финансиската полиција, се дознава дека покрај Андреа Поповски приведени се и најмалку 4 други вработени во Централниот регистар.
Засите нив Обвинителството треба да донесе одлука за понатамошната постапка. Според доказите на ОЈО-Скопје, Поповски усно наредил една вработена да биде заведувана дека редовно доаѓа на работа во евиденцијата која ја води Одделението за човечки ресурси. Наместо на работа во Центалниот регистар, таа била ангажирана за партиски активности на една политичка партија (не се наведува која, ама Поповски беше кадар од ВМРО-ДПМНЕ надлежен за Централниот регистар од 2014 година до 2017 година).
На вработената неосновано и била исплаќана плата и придонеси на плата, со што била нанесена значителна штета на буџетот на институцијата, велат од ОЈО Скопје.
Другите четворица осомничени за помагање се исто така вработени во Централниот регистар, тројца во Одделението за човечки ресурси, а еден бил одговорен за работењето на Регионалната канцеларија во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ: Стотици вработени по рамковен не одат на работа, но за нив нема случаи

Стотици нововработени или примени по рамковниот договор не одат на работа, но случај се креира само за поранешен директор од опозицијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако ексдиректорот на Централниот регистер, Андреја Поповски, беше приведен поради злоупотреба на службената положба и овластување поради вработување на партиска активистка која не доаѓала на работа, а добивала плата.
ВМРО-ДПМНЕ критикува дека земјата тоне во корупција и назадува на листата на „Транспаренси”, а премиерот Зоран Заев нуди партиско-политички пресметки со сите кои размислуваат поинаку.
„Институциите се злоупотребуваат за да се штити криминалот на власта, а за сметка на тоа се креираат и измислуваат непостоечки случаи. Власта најавува одлуки, а потоа клиентелистичкиот суд само ги пишува”, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Опозицијата дополнително коментира дека ЕУ и САД бараат расчистување на рекетот и дивоградбите и инсистираат пред суд да бидат изведени не само извршителите, туку и организаторите и помагачите на криминалот.

Останати вести