Признание за Авио Травел

Патничката агенција Avio Travel е позната и ценета меѓу Македонците во Викторија, со големо искуство. Avio Travel секоја година реди вредни признанија што е доказ за ефикасната и професионална услуга од страна на вработените во истата.

Оваа година беше наградена за најголема продажба на авионски карти во источна Европа од авионската компанија Emirates Airline, една од најпознатите авионски компании со директни летови за Македонија.
Директорката Милка Секуловска заедно со вработените во Авио Травел, се тим кој секогаш професионално им помагаат на патниците при изборот на нивната следна дестинација ширум светот. Специјализирани за осигураување на најповолна цена и директни летови до Македонија, исто така патничката агенција може да ви аранжира бродски патувања и тури низ светот. Се приклучуваме со честитка за нивното признание за успешната работа и им посакуваме и понатамошни успеси.

Останати вести