Признание за волонтерскиот придонес

Ретко кој го нема слушнато радиофоничниот глас на Боб Велински во изминативе децении преку брановите на македонските радио програми. Боб Велински, роден во 1935 година во село Агларци, Битола.

Во изминативе години има водено програми на скоро сите радија во Мелбурн. Како благодарност за неговиот долгогодишен труд како радио водител мултиетничката радио станица 3 ZZZ, му оддаде признание како на првиот радио водител на македонската програма, кога започнал да се емитува часот на македонски јазик пред нешто повеќе од 25 години.
Боб Велински е познат во заедницата веќе 50 години, кога пристигнал во Мелбурн и бил првиот македонски водоводџија. Животот е непредвидлив и никој не знае што ни носи, но на сите ни е мило што го имаме со нас овој доајен на радиото.

Останати вести