Признание за Викторија Гошаревска

Честитки за Викторија Гошаревска која го доби годишниот Сертификат за постигнување на првото место на NSW Macedonian Continuers (CCAFL) за 2019 година.

Австралиско-македонски совет на Нов Јужен Велс, во знак на признание за достигнувањето на Викторија и даде плакета и чек со 500 долари.
Младата Викторија ќе биде амбасадор во НЈВ за македонскиот јазик во 2020 година.
Признанието и беше врачено од Џош Шерман, претседавачот на Австралиско-македонски совет на Нов Јужен Велс, заедно со претставници на Одборот и наставници од Македонскиот училишен совет на Нов Јужен Велс.
На Викторија Гошаревска и посакуваме се најдобро во нејзините идните напори за едукација и вработување.

Останати вести