Лавров: Признавањето на украинската црква е провокација со поддршка од Америка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека независноста која ја доби Украинската православна црква е провокација од Цариградската патријаршија со поддршка од Вашингтон.

Во интервју објавено на сајтот на руското министерство за надворешни работи, Лавров кажа дека станува збор за „провокации на цариградскиот патријарх Вартоломеј, со јавна и директна поддршка од Вашингтон”.
„Мешањето во животот на црквите е забрането со закон во Украина, Русија, и, се надевам, во секоја нормална држава”, додаде Лавров во разговорот за државната телевизија РТ и француските медиуми Фигаро и Пари мач.
Цариградската патријаршија, според хиерархиската традиција највисоката православна црква во светот, миатиот четвртокот по дводневнен синод во Истанбул ја призна независната Украинска православна црква во Украина.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека Русија „ќе ги брани интересите на православците” во случај на верски немири со Украина.
Украинските власти кажаа дека сакаат да избегнат „верска војна” и истакнаа дека ќе ја почитуваат одлуката на епархиите кои ќе решат да ѝ останат лојални на Московската патријаршија.
Православците во Украина се поделени, дел ѝ припаѓаат на црквата припоена кон Московската патријаршија, а другите се лојални на киевската, самопрогласена по независноста на земјата во 1992 година, која досега не ја признаваше ниедна православна црква во светот.

Останати вести