Во Сиднеј прличевци го одбележаа јубилејот на републиката

По повод 25 годишницата од независноста на Република Македонија, Литературното друштво „Григор Прличев” на 9 септември организира средба со членовите при што со поезија посветена на независноста на Република Македонија се преставија поетите: Иван Трпоски, Перо Дамчевски-Коцин, Лилјана Тошеска, Душан Ристевски и Жак­лина Михајлова.

Исто така се организира и коктел по повод доделувањето на истакнатиот општественик и писател Иван Трпоски на Медал за заслуга за Македонија од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.
Исто така Иван за време неговата посета во Mакедонија доби признанија и благодарници за неговата макотрпна работа во промовирање на македонската култура од Агенцијата за иселеништво, Општината Охрид и Месната заедница на Волино.
Инаку Иван Трпоски е и добитник на наградата “Стојан Христов” и има долгогодишно творечко искуство.
Друштвото “Глигор Прличев” се смета за најуспешно литературно друштво во дијаспората и ја поседува единствената библиотека во дијаспората која денес има значаен број на книги и е неуморен промотор на македонскиот јазик и литература во Австралија.

Душан Ристевски

Останати вести