Проблем во НБА: Ако Леброн каже дека ќе игра, тогаш сите ќе играме

Оваа сезона на НБА лигата треба да продолжи на крајот на наредниот месец во Орландо и тоа со учество на 22 клуба, но ситуацијата во Соединетите Американски Држави во овие моменти е далеку од идеална, има масовни демонстрации против расизмот и бруталноста на полицијата, па веќе дел од ѕвездите лобираат за бојкот на кампањата.

Таков е случајот со Кајри Ирвинг, Двајт Хауард… кои сметаат дека фокусот треба да биде на решавање на проблемите кои во моментов се актуелни, па останува да видиме како на крајот ќе се затвори ова прашање.
Aмериканските медиуми пренесоа дека Кајри Ирвинг на големо лобирал кај играчите да се бојкотира рестартот на сезоната во НБА лигата, сето тоа како последица на немилите случувања кои пристигнуваат од улиците во Америка. Во Соединетите Американски Држави владее вистински хаос по бруталното убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд, па нетрпението на расна основа е многу поизразено.
Според плејмејкерот на ЛА Клиперс, Патрик Беверли завршниот збор ќе го има најголемата ѕвезда во лигата, Леброн Џејмс.
– Кошаркари, кажете што и да сакате. Ако Леброн каже дека ќе игра, тогаш сите ќе играме. Ништо лично, само бизнис – порача Беверли на социјалните мрежи.
Познати сите термини, стартот на 30 јули
НБА лигата ги одредите датумите за продолжението на сезоната прекината во март.
Од 7 до 9 јули екипите треба да пристигнат во Орландо, а потоа се до 29 јули ќе се организираат камповите за сите екипи и притоа ќе бидат извршени првите тестирања на коронавирус.
Од 30 јули до 14 август е предвидено да се играат натпреватите од регуларниот дел од сезоната која ќе биде скратена.
Два дена 15 и 16 август се резервирани за плеј-ин натпреварите или квалификации за плеј-оф во случај екипите да бидат на делба на осмото место во конференциите.
Најдоцниот термин за старт на плеј-фот е 17 август, а од 31 август до 13 септември ќе се играат конференциските полуфиналиња. Потоа две недели се предвидени за конференциските финалиња, додека големото НБА финале се на програмата од 30 септември до 13 октомври.

Останати вести