Кризата со отпад во Австралија се влошува откога земјата со 25 милиони жители го загуби четвртиот најголем увозник на пластичен отпад.
Индија објави забрана за увоз на пластичен отпад овој месец, и тоа е огромен удар за Австралија, која има се помалку места во светот каде може да го „пласира” своето ѓубре.
„Рециклирањето е под голема закана” – предупреди надлежниот одбор во земјата, откога е спуштена рампата на увоз во Индија, која примаше 13 отсто од вкупниот австралиски извоз на пластичен отпад.
„Сега се вратиме во позиција која почна со Кинеската криза (оневозможување на извоз), но сега е полошо затоа што имаме се помалку алтернативни пазари” – рече шефот на Одборот за рециклирање, Питер Шмигел.
Австралија е една од големите земји кои драстично се погодени од таложењето на ѓубрето откога Кина минатата година го забрани увозот на отпад за рециклирање. Забранети се 24 видови отпад и поради тоа австралискиот извоз во Кина падна на дури 41 отсто во минатата финансиска година, иако вкупниот извоз се зголеми за пет отсто.
Но, и пред тоа што други земји сега примаат ѓубре досега наменето за Кина (Индија, Индонезија, Виетнам и Малезија…) во Австралија се зголемува опасната количина материјали за рециклирање, а собирачите на отпад бараат нов прекуморски пазар за пласирање на своите „суровини.”
Во меѓувреме Малезија и Тајланд најавија забрана за увоз од 2021 година. Ако таа биде слична како на кинеската, Австралија ќе мора да најде нови пазари во светот или дома да се справи со 1.3 милиони тони годишен отпад – на извозниците вреден $530 милиони.