Продолжен е рокот на примена на попустот на данок на плати

Министерката за финансии на Квинсленд, Jackie Trad изјави дека попустот на плати од 50 отсто ќе биде продолжен на уште една година.

Попустот на плати за компаниите во Квинсленд ќе биде продолжен за уште една година, изјави државната министерка за финансии, Jackie Trad и ја најави иницијативата вредна $26 милиони со која ќе се задржи попустот од 50% само неколку денови пред објавата на нејзиниот прв буџет. Знаеме дека малите компании се клучни за успех на еконимијата и од нив зависат голем број работни места во Квинсленд, вклучуваќи ги и практикантите и лица на едукација кои се обидуваат да го најдат своето место на пазарот на трудот” – изјави таа. Квинсленд има вкупна даночна стапка на плати од 4,76 отсто и најголем праг на олеснувања од било која држава на $1,1 милиони.

Останати вести