Во Сиднеј веќе 44 години опстојува Македонско етничко училиште 11–ти Октомври од Јагуна, а по релаксирање на мерките заради коронавирусот продолжи со часови во школото каде децата и наставниците беа повторно заедно.
Среќни и весели пред две недели продолжија со учењето на македонскиот јазик. Се подразбира со внимание за целиот персонал, учениците и родителите / старателите кои треба да се придржуваат кон посебните правила и барања од Федерацијата за училишта за јазици во Нов Јужен Велс.
Во Основното училиште 11 ти Октомври од Јагуна се изучува македонски јазик од далечната 1976 година, со што е првото независно македонско етничко училиште во НЈВ. Неговото основање е иницирано од Петре Јанкуловски, Вангел Настевски и Андреа Хрстиќ, а први учители биле Васка Тодоровска и Апостол Апостоловски.
Училиштето и натаму е финансирано од Департментот за Образование на НЈВ и од семејствата на учениците. Големи честитки до сите што даваат придонес, особено до родителите, бабите и дедовците кои го помагаат и охрабруваат изучувањето на македонскиот јазик, македонската култура, песна и традиција.
Се покануваат сите деца од македонско потекло после школскиот распуст да се запишат и заедно да се дружат.
Во Сиднеј веќе 44 години опстојува Македонско етничко училиште 11–ти Октомври од Јагуна, а по релаксирање на мерките заради коронавирусот продолжи со часови во школото каде децата и наставниците беа повторно заедно. Среќни и весели пред две недели продолжија со учењето на македонскиот јазик. Се подразбира со внимание за целиот персонал, учениците и родителите / старателите кои треба да се придржуваат кон посебните правила и барања од Федерацијата за училишта за јазици во Нов Јужен Велс.