Проекција на филмот ,,Македонец” во Мелбурн

Документарниот филм „Македонец” на Петро Алексовски, е кофинансиран од Полскиот филмски институт. Ја опфаќа судбината на дел од децата, кои тогаш беа евакуирани и распространети во различни поранешни социјалистички земји како Југославија, Романија, Чехословачка, Унгарија, СССР и Бугарија.

Филмот е снимен по повод 65-годишнината од пристигнувањето на децата-бегалци во земјите од Источна Европа. Премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал во Краков, а овој петок, на 17 јуни, во 19:45 часот заедно со уште други два документарни филмови ќе имаме можност да го видиме во Мелбурн во Darebin Arts and Entertainment Centre во Престон.
Во 1948 година кога започнува Граѓанската војна во Грција, грчката комунистичка партија испратила барање до социјалистичките европски земји да прифатат деца-бегалци од воените подрачја на Грција и да им дадат нов дом. 3.500 деца завршиле во Полска, од кои половината биле Македонци од Егејска Македонија. Помеѓу нив бил и малиот Мито Клавчов.
Филмот „Македонец” е посветен на околу 1.750 деца на кои Грција им ги затвора своите граници и денес и не им дозволува да влезат на нејзина територија поради нивните македонски корени. Грција донела низа закони со кои им ги укинала нивните државјанство и ги протерала со што не смеат да се вратат во татковината.
Спречен од можноста за враќање дома, главниот лик во филмот, населен во северна Полска, каде и живее, го праќа неговиот син да го најде гробот на татко му. Инаку филмот е снимен од режисерот Петро Алексовски, кој е син на главниот лик во филмот „Македонец”.

Останати вести