ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА БАБАТА ШТО НАСЛЕДИ 5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД АВСТРАЛИЈА:
Марија Златиќ (86) од селото Валкоље во близина на Бољевац од починатиот сопруг Момчило од Австралија доби наследство од 5 милиони долари, но сепак таа живее во една стара трошна куќа, во екстремна сиромаштијата. Парите ги изеле нејзините измамници, кои лажеле дека ќе се грижат за неа.
Баба Мара практично не видела ниту скршена пара од толку многу милиони кои по смртта на мажот во 2011 година, биле уплатени од Австралија.
Ја ограбиле измамници кои лажеле дека се грижат за неа. Наместо да и обезбедат мирна старост, тие ваделе пари од нејзината сметка, така што дури ни таа не знае дали веќе има нешто на сметката.
Мара, новинарите нa “Информер” ја пронашле во трошната куќа која е пред распаѓање и таа е одвоена од другите куќи, длабоко во шумата. Живее само со кокошки и кучиња, неуредна, неизмиена, во искината облека, од која и питачите би се засрамиле. Во куќарката има само стар шпорет, излупен шкаф, а постелата е на земјата. Ѕидовите се поцрнети, небојадисани и раскопани … Нема ниту трага ниту знак за луксуз и милиони.
Старицата од праг им кажала за својата неверојатна животна приказна.
– Мојот сопруг и јас по војната отидовме во Австралија во местото Гвилфорд, во потрага за леб и работа. Тој работеше во една фабрика и во градежништво, а јас бев домаќинка, па не можев да издржам повеќе и се вратив без него, по две години бев во селото. Јас сум тука со години, живеам од пензија и земјоделство. Потоа одеднаш дојде сето ова богатство од кое јас немам фајде. Гледаш од што и како живеам, но јас не се жалам. Што ќе ми е богатство – други го земаа, а мене ми треба само малку леб и вода, за мене, моите кучиња и за кокошките – рече баба Мара.
Таа вели дека со нејзиниот сопруг не ја прекинале врската. Се допишувал со неа и понекогаш и испраќал по некоја пара. Во меѓувреме заработил богатство во вредност од пет милиони долари. Тој починал пред четири години, не оставајќи никој зад себе. Подоцна дознала дека тој во Австралија имал друга жена, легално, законски венчана некаде во Србија. И така баба ми Мара ги наследила милионите.
– Кога дознав за наследството, замолив една жена од Бољевац, наречена Мара, исто како мене, да ми помогне. Жената се заврши, но парите ги зеде човекот со кого имам договор да ме чува до смрт. Тој ми рече дека парите се поделени на три дела, на книшка за мене, Марија и за него. Но, тоа не е така … Пусти пари, ништо добро не ми донесоа, живеам полошо отколку пред тоа. Староста ме стаса. Овде во шумата ме посетуваат луѓете кои треба да ме чуваат. Еве, три дена не може да се дојде од снегот – додава Мара.
Човекот од регионот на Бољевац кој, наводно, склучил договор да ја дочува Марија не бил подготвен да разговара со новинарите. Не само што не сакал да каже нешто, но тој ја повикал полицијата за да ги заплаши новинарите. Каде е чудесното богатство, која Марија го наследила? Никој сигурно не може да потврди.
Соседот на Марија е запознаен со судбината на српската “милионерка од калта”, тој има своја верзија:
– Знам дека наследството на Момчило беше околу пет милиони долари. Тој имал имот и заштеди. Три или четири години државата не можела да го најде неговиот наследник, а во меѓувреме правилно е наплатен данок, па збирот се стопил. Иако Марија има наследено пет милиони долари, за неа испратиле 940.000 долари. Но и тие пари ги изеле измамници – вели изворот. Според зборовите на еден човек кој знае што се случило со парите на Марија, кој сакал да остане анонимен, најмногу од парите од наследството ги зел човекот со кого има договор за доживотно чување.
– Марија Андреевиќ од Бољевац, која најмногу и помогнала на бабата за парите од наследството добила само 28.000 долари, но требала повеќе. Сите ги зел човекот кој требал да ја гледа. Тој си купил нов трактор и машини, но сега не сака да признае од каде ги добил парите. Сега лаже дека имало и други наследници на парите на Марија – вели изворот за “Информер”.

Киднапирана бабата милионерка
Иако наследничката на богатството, Марија Златиќ (86) живее во сиромаштво, во колиба на рид, во шума меѓу Бољевац и Зајечар, приказната врзана за парите добива детали на криминалистички роман.
Марија Анџелковиќ, нејзината познаничка, тврди дека неа бабата ја ангажирала пред пет години да се распраша за наследството кое маж и и го оставил во Австралија откако починал во 2011 година. Кога конечно влегле во трага на адвокатската канцеларија која го воделе случајот и успеала на бабата Марија да и обезбеди наследство, се случило нешто неочекувано.
– Се беше договорено, очекував парите да пристигнат на адресата на Марија. Меѓутоа неа неколку денови ја немаше, а и не одговараше на моите повици, па се загрижив. Тогаш ги повикав Свето и Виолета, кои имаа договор со Марија да се грижат за неа. Стево со потсмев ме праша: Што ќе ти е бабата? Стигна таа кај нас, а пристигнаа и парите од Австралија.
– Се зачудив, бидејќи со бабата требаше официјално да ги подигнеме парите, но тој нашол некоја друга врска и тоа го завршил речиси преку ноќ. Утредента се појавија на мојата врата и јас сакав бабата да ја задржам кај себе, но тие речиси на сила ја одведоа – вели Анѓелковиќ, против која, како што вели, Свето поднел кривична пријава.
Свето С. од Бољевац тврди дека не ги зел сите пари за себе, туку дека ги чува, бидејќи има информација дека бабата не е единствен наследник на парите. Постои верзија дека Момчило има сестра која има син Сашо Златиќ и дека и тој се јавил како можен наследник. Според информациите Свето.С. на сите начини се обидува да ги скрие информациите за наследството, кое пристигнало пред два месеца, а себе неодамна се почестил со нов трактор, а ја реновирал и куќата.
