Една анкета на порталот “МКД.мк” и агенцијата за истражување на јавното мислење “Брима” од декември 2016 покажа дека 59 % од македонските граѓани се против условувањата со името за членство во НАТО.
Анкетата (која беше објавена во јануари 2017) покажа дека македонските граѓани и натаму се за членство на Македонија во НАТО (61.5 %), но кога прашањето ќе го поставите во контекст на условот за прием со промена на името, тогаш поддршката за такво членство значително опаѓа.
Повеќе од 60 % од испитаниците рекле дека се за референдум за каква било промена на името.
Неколку месеци подоцна, нова анкета од истиот извор во мај покажа дека 54.8 % од граѓаните се против членство во НАТО под рефренцата ПЈРМ.
Опаѓањето на популарноста на ЕУ и НАТО, дипломатските игри на Брисел и Вашингтон во однос на името и во однос на неутралноста за непочитувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија, Грција и Албанија, непочитувањето на пресудите на меѓународните судови ја врати популарноста на Русија меѓу Македонците.
Анкетата на телевизија “Телма” и на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од февруари 2017 покажа дека македонските граѓани освен ЕУ (31.7%), за стратешки партнер ја посакуваат и Русија (21.9%), а за САД се определиле 17.8 % од анкетираните.
Слични резултати даде и анкетата на Фондацијата “Конрад Аденауер” и Институто за демократија “Цивилис” – околу четвртина од граѓаните (26.2%) сметаат дека ЕУ би била најдобриот странски сојузник на Македонија, 25% од населението сметаат дека тоа би била Русија, додека за 17.5% од граѓаните, САД е претпочитан сојузник.
Оваа анализа покажува повеќегодишен опаѓачки тренд на поддршка за членство во ЕУ. сепак, ако на страна го тргнеме спорот со името, тогаш поддршката за членство во ЕУ и НАТО и натаму е многу висока. Одговорите на прашањата кога ова прашање ќе го поставите со условот промена на име или како ПЈРМ, тогаш поддршката за членството значително опаѓа.
Падот на поддршката за членство во ЕУ не е резултат на некаков растечки евроскептицизам кај македонските граѓани, туку главно е последица на овие непродуктивни разговори за името, што пак имплицираат загрозување на националниот суверенитет и отворени идентитетски прашања.