Јелена Жугиќ и Братислав Димитров ги изгубија директорските фотелји

Промената на власта донесе промени во кутурата
Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, ги разреши директорите во НУ Театар за деца и младинци – Скопје, Братислав Димитров, како и на НУ Театар комедија – Скопје, Јелена Жугиќ.

Како вршителка на должноста директор во Театарот за деца и младинци – Скопје е именувана Катарина Илиевска – Силјановска, додека за вршителка на должноста директор во Театар комедија – Скопје е именувана Мирјана Поповска – Ристов.

„Би сакале да ја информираме јавноста дека единствена цел на назначувањето на в.д директори е итно да се ослободат клучните институции кои беа заробени од кадри што се под целосна контрола на Никола Груевски, кадри врз основа на кои се штимале систематизацијата и критериумите. Воедно, ве известуваме дека во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници со цел да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори.

Потоа, веднаш штом за тоа се исполнат законските услови, Министерството за култура, низ целосно отворен и транспарентен процес, ќе распише конкурси и ќе спроведе постапки за избор и именување нови директори, на кои сите заинтересирани кандидати од самите институции, но и надвор од нив, ќе можат да ги предложат нивните програми и визии за департизација, заздравување и унапредување на работата на културните институции во Македонија”, соопштија од Министерството за култура.

Останати вести