Промовирана книгата „Вечна светлина над Македонија“ од Гордана Димовска

Во градската библиотека „Григор Прличев” во Охрид се одржа промоција на книгата „Вечна светлина над Македонија” од поетесата Гордана Димовска, која живее во Мелбурн.

За книгата зборуваа Вангелко Лозаноски и Љубица Чифлигароска. Делови од книгата читаа Магдалена Стефаноска и Јана Иваноска од литературната секција од О.У. „Кочо Рацин” од Охрид.
Сите заедно се потрудија со својата вештина да ја пренесат содржината на делото во кое афторката со голема љубов и храброст се бори за зачувањето на македонскиот јазик кај новите македонски поколенија во далечниот свет надвор од границите на Македонија. Научните и литературни дела на Димовска зборуваат за минатото, сегашноста и иднината на родната Македонија. Таа секогаш со голема почит и љубов зборува за нејзините корени со тоа што е чест дописник за македонски списанија , весници кои се печатат во Македонија и светот.
Димовска е истакната поетеса, есеист, научник, публицист, новинар и просветен работник на македонските ученици во Мелбурн.

Останати вести