Промовирање на Заедницата со помош на уметноста

Почесниот македонски конзул за НЈВ Ристо Балаловски формира работна група за промовирање на австралиски уметници од македонско потекло. Во оваа група е вклучен и професор Власе Николески (скулптор и поранешен раководител на одделот за уметност на Универзитетот во Њукастел), и Вера Зулумовска (уметник чии дела се во повеќе проминентни колекции, вклучувајќи ја Националната галерија на Австралија и колекцијата на Парламентот во Канбера).

Според Балаловски Lake Macquarie City Art Gallery (во близина на Њукастел) ја поканил новооформената група да направи понуди за изложба. Оваа галерија е често наградувана и има вредна колекција на слики од уметникот Вилиам Добел, на трипати наградуван со наградата Арчибалд.
Идејата е да се направи мултимедиска егзибиција, а централната тема е искуството и приказната на Македонската заедница во регионот Хантер, Илавара и пошироко, посебно со нивната инволвираност во рудната индустрија во Њукастел и Волонгонг. Изложбата ќе има фокус на приказните на Македонците, прикажувајќи ја нивната радост, тага, гордост и одлуката за имигрирање во Австралија. Ќе бидат вклучени фотографии и видео имиџи од приватни колекции на заедницата.
За да се финализира предлогот за изложба, групата ги повикува заинтересираните уметници да испратат по електронска пошта billboz@tpg.com.au, до Благоја Божиновски, кратка биографија и примероци од нивните дела (вклучувајќи наслов, датум, медија и големина), или да се јават на тел 02 4943 3783.

Останати вести