Пронајдени огромни резерви вода за пиење

Под билиони тони океанска вода, се наоѓа уште вода, но не онаква каква очекуваа научниците

 

Имено, под океан пронајдени се резерви со пивка вода кои би можеле да ги обезбедат идните генерации, доколку постојните ресурси пресушат.
Резервите вода под океанот, некогаш се сметаа за ретки, но истражувачите сега веруваат дека околу 500.000 кубни километри свежа вода може да се најде близу крајбрежјето на Австралија, Кина, Северна Америка и Јужна Африка, што е доволно да се намали влијанието од идните суши и недостаток на вода.
Залихите се формирани пред повеќе од стотина илјади години, кога дождот започнал да ги исполнува вдлабнатините во тлото, кои потоа биле прекриени со океаните.
-Залихата е многу поголема од онаа која во 1900 година до денес ја вадевме од земјата – рече водачот на истражувањето.
Тој предупредува дека извлекувањето на нафта од морското дно може да ги контаминира резервите, а кога ќе исчезнат, тие нема да можат да се обноват, се додека нивото на океанот не падне што нема да се случи уште многу време.

Останати вести