Проработи вулканот, евакуација на цел остров

Властите на Вануату издадоа наредба за целосна евакуација на сите жители од островот Амбе, откако вулканот Монаро започнал да исфрла пепел и вулкански гасови.

Повеќе од 11.000 луѓе, кои живеат на островот Амбе, ќе бидат евакуирани до 6 октомври, изјави премиерот на Вануату, Шарлот Салваи.
Според информациите од Националната канцеларија за справување со несреќи, ова е прв пат да се евакуира комплетна популација на еден остров поради вулканска активност.
Монаро започна да биде поактивен кон почетокот на овој месец, но за време на викендот започна да исфрла и пепел и вулкански гасови, што предизвика страв дека ерупција е возможна во секој момент.
Локалните власти прогласија вонредна состојба. Исто така предупредија и дека вулканот би можел да исфрла и камења на оддалеченост од 6,5 километри од картерот.
Опасноста од вулканот е крената на четврто ниво што означува „умерена еруптивна состојба”. Вулканот Морано последен пат имаше ерупција во 2005 година.
Ако еруптира планината Агунг на Бали, тоа нема да биде драматичен бран на лава или пирокластичен проток за кој Австралијците ќе треба да бидат загрижени.
Надвор од евакуациската зона, вистинската опасност ќе биде облакот од вулкански пепел.
Експертите не можат да ја предвидат природата на вулканскиот пепел од планината Агунг повеќе отколку што можат да ни кажат кога вулканот ќе еруптира, и ако воопшто еруптира.
Но тие знаат дека вулканскиот пепел е опасен, а ако вулканот еруптира, неговиот облак од пепел може да влијае врз воздушниот сообраќај, да создаде здравствени проблеми зкај локалното население и туристите и да паѓа како снег.

Останати вести