Централната прослава по повод 25-годишниот јубилеј на Република Македонија, што ќе се одржи во петок на 23 септември во “Емералд” рецепција во Томастаун е во организација на Советот на македонската заедница од Викторија и е поддржана од амбасадата и конзулатот на Македонија во Австралија.
На настанот ќе присуствува генералниот конзул на РМ, Бети Коруновска а од организаторите ни рекоа дека ја поткрепуваат следните македонски организации:
Прилепското социјално друштво ” Методија Андонов – Ченто”, Охридското социјално друштво “Св. Наум Охридски”, Македонското културно социјално друштво “Скопје”, Тетовското друштво “Шар Планина”, Струшкото социјално друштво “Браќа Миладиновци”, Струмичкото социјално друштво „Благој Мучето”, Битолскиот социјален клуб, Битолското социјално друштво “Александар Турунџев”, Велешкото социјално друштво “Гемиџии”, Австралиско-македонското ромско друштво, Рибарското друштво “Мерикот”, ФК Алтона Маџик- Вардар, ФК Престон Македонија, ФК Слога Јунајтед, ФК Сиденхам Парк Македонија, Македонската хуманитарна организација – АХАМ, Женската хуманитарна организација “Надеж”, Македонската женска група “Билјана”, Македонскиот егејски совет, Социјалното друштво “Дебарца”, Друштвото на здружени скопски села, Обединети мариовски села, Социјалното друштво “Свињишта”, Социјалното друштво “Димче Могилчето” – Могила, Македонското литературно друштво “Коцо Рацин”, МКУД “Јане Сандански”, Македонското фолклорно друштво “Гоце Делчев”, Фолклорниот ансамбл “Тоше Проески”.
Вклучени се и пензионерските групи: Поинт Кук, Кингсвај, “Маркови Кули”, Могила и Преспа.
Најавена е богата забава а водителката на програмата ќе биде Виолета Јовановска.
Ќе настапат оркестарот “Медена” и естрадните ѕвезди: Тоде Новачевски, Татјана Лазаревска, Фазли Луик, Рубин Петревски, КУД “Гоце Делчев”, како и фолклорниот ансамбл “Тоше Проески”…
За литературниот дел ќе се погрижат Гордана Димовска, Љубица Поповска и младата Шана Јовановска кои ќе читаат поезија.