Прекрасна прослава за одбележување на 11 октомври

Играорната група “Македонка” од Сиднеј

Македонците од играорните друштва од Мелбурн и Сиднеј минатиов викенд се собраа заедно да го прослават “11 октомври”.

Денот кога во 1941 година македонскиот народ ја започна народноослободителната борба против фашистичкиот окупатор. Во тоа време Македонија била поделена помеѓу Италија, Албанија и Бугарија. После четиригодишната крвава борба на македонскиот народ во Втората светска војна, во која загинаа над 27,000 луѓе, е создаден темелот на денешна Република Македонија.
Минатава сабота младоста и дружењето беа прекрасни во просториите на социјалниот клуб на Престон Македонија, каде настапија следните уметнички друштва: КУД Танец, КУД Македонка од Сиднеј, КУД Јане Сандански и КУД Светлост.

Косте Колевски и викториската парламентарка Лили Диамбросио

Претседателите на фолклорните  друштва Косте Колевски (КУД Танец), Зора Дрновска (КУД Македонка од Сиднеј) и Здравко Талевски (КУД Јане Сандански)

Играорната група “Македонка” од Сиднеј

Фолклористите на КУД ”Јане Сандански”

Играорците на КУД ”Танец”

Играорците на КУД ”Танец”

Најстарото културно уметничко друштво во Мелбурн ”Светлост”  формирано во далечната 1960 година

Веселбата ги сплоти сите на подиумот

Останати вести