Во Сиднеј, во организација на Македонската заедница, во пријатна атмосфера, се одржа свечен ручек во чест на Амбасадорот, Господин Веле Трпевски, а по повод заминувањето од Должноста Амбасадор на Република Македонија во Австралија.
Во официјалниот дел говореа: Жаклина Михајлова, Гоце Јовановски, Татјана Неделковска, Доне Кочанковски, Иван Трпоски, Пеце Ристески и Џошуа Шерман.
Во своето обраќање, Амбасадорот им се заблагодари на присутните и потцрта дека за време на неговиот мандат во Австралија, постигнати се значајни општествени и деловни резултати помеѓу Македонија и Австралија.
„Горд сум што бев меѓу вас и среќен сум што во Австралија , сите вие сте моја фамилија сега” , истакна Амбасадорот Трпевски.
На крајот, Македонците му порачаа:
– Ви посакуваме среќен пат, разумна понатамошна работа и многу љубов за своето и за Македонија. Да сте жив и здрав и пак да се видиме како МАКЕДОНЦИ од Македонија!
Жаклина Михајлова



