Протест пред конзулатот

Минатава недела, пред конзулатот на Р. Македонија се одржа мирен протест организиран од Координативното тело на здружени македонски организации од Мелбурн: МПД Брат Љубе Бошкоски, ЗК ВМРО – Народна Партија Мелбурн, Потомците на Александар, Обединети за Јохан, Македонска Алијанса, Достоинство Австралија.

Дента беше собрана мала група, додека од другата страна како еден вид на опозиција имаше неколкумина гласни контрапротестанти.
За овој настан полицијата била благовремено известена и имаше присуство со четири федерални и двајца Викториски претставници.
На почетокот полицајците имаа потреба да се вмешаат и да ја смират наелектризираната атмосфера, притоа укажувајќи на контрапротестантите дека не смеат да ги земаат паролите и да не се силат врз поединци бидејќи ќе бидат приведени.
Иконографијата јасно го искажуваше незадоволство од неодамнешната одлука на Претседателот на Република Македонија со која помилуваше 56 политичари и други личности, притоа ослободувајќи ги од правна одговорност за наводни коруптивни и други криминални дела кои биле сторени. Групата со знамиња и постери на Никола Груевски и Ѓорги Иванов, бараа да се почитува правдаат и демократија и повикуваа да се поништи одлуката за аболиција и веднаш претседателот Иванов да си даде неотповиклива оставка.
Притоа испраќајќи порака дека единствениот легитимен начин за решавање на длабоката политичка криза во Македонија е преку одржување на фер избори, за кои треба да има пречистен избирачки список, непристрасни медиуми, од­во­јување на партијата од др­жавата и, посебно за ди­јас­пората, јасна и транспарентна постапка за регистрирање за гласање и кандидирање на кандидати во дијаспората.
Од другата страна им довикуваа ајде на избори, предавници, вие сте платеници итн.
Протестот заврши мирно.

Останати вести