Протести низ Австралија против примената на „тортура врз малолетници“

Повеќе илјади луѓе учествуваа викендов на протести во поголемите градови на Австралија, организирани против примената на „тортура” врз малолетници кои се наоѓаат во малолетнички затвори и центри за превоспитување.

Демонстрантите во Сиднеј, Мелбурн и Бризбејн за време на протестните маршеви низ овие градови фрлаа солзавец.
Повод за демонстрациите беше репортерскиот извештај на австралиската АВС телевизија за состојбата во малолетничкит затвор во Северната Територија.
Репортажата откри дека во затворт врз децата-затвореници била применувана тортура, на тој начин што малолетниците биле соблекувани голи и врзувани со лисици за столица, а во таква положба биле држени по неколку часови, откако на главата им била ставана покривка што целосно им го сокривало лицето.
Репортерите открија дека против малолетници на возраст меѓу 13 и 14 години бил користен и гас-солзавец, како и дека децата биле оставани во самици.
Извештајот на телевизијата АВС ја шокираше австралиската јавност, па прајминистерот Малкол Тарнбул побара испитување на целиот случај.
Домородското население во Австралија претставува само три отсто од вкупното население во земјата, но австралискиот Институт за здравство и социјала тврди дека за 26 отсто е поголема веројатноста малолетници од редовите на домородците да бидат ставени во малолетнички затвор, во споредба со младите од другите заедници во Австралија.

Останати вести