Минатава седмица во Мелбурн една од ударните вести беше рушењето ирскиот паб Corkman’s во Карлтон кој е изграден пред 159 години.
Одговорна за овој настан беше компанијата Стевче Кутлешовски и Раман Шакири. Двајцата го имаат купено овој имот во август 2015 година за 4.76 милиони долари со компанијата “160 Leicester Pty Ltd”.
За многумина градежници оваа сума тогаш била изненадувачки висока, земајќи го во обѕир историското значење на местото кое оневозможува да се пренаменува местото во зграда.
Во сегашниот слушај со урнатиот ирски паб земјата има далеку повисока пазарна вредност од 8 до 10 милиони долари. Сепак поради големата негативна реакција на жителите се активираа и локалните власти кои најавуваат високи казни и рестрикции и можна наредба да се изгради истиот паб.
Од друга страна Кутлешовски за “Хералд Сан” изјави дека и без тоа имал намера да го изгради повторно пабот.
Сепак останува проблемот за градежниците зошто без добиена дозвола го имаат урнато стариот објект и покрај казните можно е да добијат и други ограничувања.

