Австралиската влада мора веднаш да делува против дебелината

Дебелината е најголем јавен здравствен предизвик пред кој се наоѓа Австралија и нејзината превенција мора да почне од почетокот, уште кај трудниците, вели Здружението на австралиските лекари (Australian Medical Association – AMA).

AMA објави ревидиран и ажуриран план за дебелината со кој се повикува федералната влада да преземе водство во борба против оваа сериозна закана по здравјето. „AMA препорачува националната стратегија за сузбивање на дебелината примарно да се насочи кон децата и малолетниците, со превенција и рана интервенција која почнува кај трудниците и фетусот и продолжува низ добата на доење и детството” – се вели во изјавата.
Меѓу останатото, AMA препорачува и воведување данок на шеќер, унапредување на нутритивна писменост и посилни контроли на рекламирањето на брзата храна насочено кон децата. Исто така сакаат да се воведе субвенција за здрава храна како овошје и зеленчук, одржување на ниски цени, особено во оддалечените предели и подобро планирање на градот се со цел да се создадат здрави заедници. Над 60 одсто од возрасната популација во Австралија има прекумерна телесна маса или дебелина, а речиси 10 одсто има тежок облик на дебелина. Најмалку четврина од децата и адолесенците во Австралија имаат прекумерна телесна маса или дебелина. Мајкл Ганон, претседателот на АМА, вели дека стратегијата која го вклучува целото општество, владата, здравствената и прехрамбрена индустрија, училиштата и медиумите, мора да биде ускладена на национално ниво, за да се спречи луѓето да станат сериозно болни како резултат на нивната нездрава телесна маса.

Останати вести