Македонија (како и САД, Франција и Белгија) ќе се бори против вирусот со комбинација на лек против маларија и антибиотик

И едниот и другиот лек можат да предизвикаат фатални контраиндикации доколку се земаат без лекарски надзор
Министерот за здравство Венко Филипче објави дека Македонија деновиве ќе го воведе лекувањето на заболените од “ковид-19” со комбинација на лек против маларија и антибиотик.

Кинеските и француските доктори тврдат дека комбинација од хидроксихлорокин, со кој се лечат заболените од маларија и антибиотикот азитромицин, кој се користи за лекување на дишните патишта и меките ткива може во 100 проценти од случаевите да ги излечи луѓето заболени од корона вирусот.
Оваа информација одекна како бомба на целата планета.
Професорот д-р Миодраг Стојковиќ, генетичар кој моментално работи на Харвард, на Твитер напиша:
– По кинеските, и научниците од Франција и Белгија тврдат дека лекот против маларија hydroxychloroquine кај 70 проценти од пациентите заболени од ковид-19 доведува до излекување – по шест дена терапија, а кај пациентите кои дополнително се третираат и со антибиотикот azithromycin успешноста е 100 проценти, напиша Стојковиќ.
За лекот хидроксихлорокин, кој и Доналд Трамп го прогласи за моќен во лечењето на коронавирусот, стигнуваат предупредувања од Кина дека во поголема доза може да убие човек, објави Блумберг.
Францускиот и светскиот инфектолог од универзитетот во Марсеј, проф. Дидје Раул истакна дека неговите испитувања покажале оти лекот хлорокин се покажал делотворен во лечењето на вирусот. Тој навел дека клиничкото испитување на лекот “плаквенил”, кој е главна состојка на хлорокинот, покажал дека од 24 луѓе заразени со вирусот кои го користеле лекот 18 сосема се излечиле. А со комбинација на сумамед (азитромицин) излекувањето е 100 проценти.
Францускиот министер за здравство истовремено соопшти дека одобрува “клинички испитувања за лекот пред политичките власти да донесат одлука за одобрување на истиот во лечењето на инфекцијата”.
И американската агенција за храна и лекови, започна со испитување на влијанието на хидроксихлорокинот во лечењето на коронавирусот.
Антибиотикот азитромицин се употребува за лечење на крајниците, синусите, хроничен бронхитис, воспаление на белите дробови.
Mинистерот за здравство Венко Филипче рече дека во светот веќе има студии кои што укажуваат на тоа дека оваа комбинација на лекови дава соодветен ефект и најави набавка на истиот.
Македонија има залихи на антибиотикот азитромицин (лекот “сумамед” на “Плива) и во тек е набавка на лекот за маларија во количина доволна за 10.000 терапии. Штом пристигне кининот, лекарите во Македоија че започнат со оваа терапија.

Останати вести