НАЦИОНАЛНА ПРЕМИЕР ЛИГА 3 ВО НЈВ, 6 КОЛО
Сиднеј Македонија – Гладсвил Рајде Маџик 5:0 (1:0)
Во првите 45 минути играта беше изедначена, а противникот имаше повеќе шанси за гол (еднаш ја погодија пречката) но и двата голмани делуваа сигурно.
Во секој момент се очекуваше судијата да отсвири крај на првото полувреме, а Сиднеј Македонија неочекувано дојде во водство (45+3) со голот на младиот Асел.
Исто така, неочекувано, само што почна второто полувреме (46′) Сиднеј Македонија го зголеми водството, а голот го постигна Томарас (минатата сезона играше за Гладсвил).
По се изгледа дека по вториот гол противникот се деморализираше и до крајот на натпреварот фудбалерите на Сиднеј Македонија постигнааа уште три гола (Томарас 55′, Тодороски 87’/90′).
Ретко се случува во некоја екипа да играат тројца брака, а во тимот на Гладсвил играа: Крис, Харис и Микаел Гетацис.
По ова коло, Сиднеј Македонија (со 12 бода) е на 3-то место на табелата.
Во следното коло, сабота, 29 август, Сиднеј Македонија ќе игра со “фенерџијата” (последниот) на табелата Сиднеј Јуниверсити (има само еден бод) на Sydney University Footbal Ground во Camperdown со почеток во 19.00 часот.
К.М.


