На Австралија и е потребна противтерористичка единица за брз одговор

Федералната влада ги повикува лидерите на исламските заедници да укажат на екстремизам во нивните заедници по терорстичкиот напад кој се случи во Мелбурн кога Hasan Khalif Shire Ali уби еден а, повреди двајца и се обиде да предизвика експлозија со автомобил полн со плин.

Австралија би требало да основа противтерористичка едница за брз одговор по пример на британската, која би имала овластување да следи луѓе од листата осомничени за тероризам и да спречат идни екстремистички напади, вели експерт за противтероризам по нападот во улицата Bourke во Мелбурн. Д-р Алан Ор кој пишува книга за опасадата на кафулето Lindt Cafe во Сиднеј, изјави дека ваквата специјална полициска единица би била наоружана со силно огнено оружје и би имала пристап до хеликоптер.
„Во Велика Британија ваквите единици се занимаваат исклучиво со противтероризам, имаат процедури кои даваат резултати во рок од две минути во исти и слични ситуации” – рече тој.
Исламската зедница се повикува да им помогне на властите во спречување идни терористички напади.
Министерот за внатрешни работи Питер Датон изјави дека полицијата и владата не можат да спречат спонтани терористички чинови без дојави од јавноста. Прајминистерот Скот Морисон апелира до лидеритее на исламските заедници да укажат на екстремизам во нивните заедници. Муслиманските лидери ги критикуаат неговите изјави дека предизвикуваат поделеност и велат оти заедниците не можат да се обвинат за акции на поединци.
„Навистина е разочарувачко, во вакви тешки времиња и за време на национална трагедија, кога Австралиците од сите вери и потекло треба да се обединат и да застанат против било каква форма на екстремизам и насилство, да се видат нашите политичари како го политизираат овој инцидент и преку него се обидуваат да дојдат до политички бодови” – изјави Австралскиот национален совет на имами. Властите следат стотици поединци, а по нападот се водат и разговори како може да се унапреди ова следење, додаде тој.

Останати вести