Екипата на Гиермо Амор победи во финалето против Вестерн Сиднеј Вондерерс
Аделаид Јунајтед ја освои за прв пат во 11-годишната историја титулата во првенството на А–лигата.
Избраниците на поранешниот шпански репрезентативец Гиермо Амор заслужено победија во финалето против Вестерн Сиднеј Вондерерс со 3:1. Пред рекордна публика од 50,119 гледачи, домаќините го открија резултатот на “Аделаид Овал” со погодокот на Брус Камау во 22-тата минута. Во 34-тата минута Шпанецот Исаис Санчез го зголеми водството од слободен удар, но во второто полувреме Вестерн Сиднеј притисна сериозно а Скот Невил намали во 58-тата минута по самостоен пробив од десната страна. Гостите продолжија да напаѓаат жестоко во потрага по израмнувањето. Во последната минута, сепак, резервата Пабло Санчез ја одзеде топката и со силен удар го постави конечниот резултат од 3:1. Со ова Аделаид Јунајтед триумфираше во дебитантската сезона на тренерот Амор.