Првата изјава на Трамп по победата: Америка нема да прифаќа ништо помалку од најдоброто

Иако американскиот интерес ќе биде на прво место ќе најдеме начин да соработуваме со сите држави, рече Трамп.

Само што добив повик од секретарката Хилари Клинтон. Ми честиташе, ни честиташе нам и на нашата победа. И јас и честитав на неа и на нејзиното семејство за многу напорната кампања што ја имаад. Би сакал да и честитам за нејзините позиции, но сега е време Америка да ги затвори раните, да се соберат на едно место сите републиканци, да се соединиме, како обединети луѓе. Време е. Им ветувам на сите граѓани дека ќе бидам претседател на сите Американци и ова е многу значаен чекор во мојот живот. Оние кои избраа да не ми ја дадат довербата, ве повикувам заедно да работиме за да ја обединиме нашата голема земја, рече Доналд Трамп кој се обрати во јавноста по неговата победа на изборите за претседател во САД.
– Нашето не беше кампања туку едно прекрасно големо движење од мажи и жени кои сакаат подобра иднина за себе и за своите семејства. Движење во кое членуваат Амеркинаци со различна вероисповед кои сакаат и ќе му служат на народот.
Ќе се насочиме кон обновување на нашата земја и нашиот американски сон. Сега сакам да се фокусирам на нашата земја. Таа има огромен потенцијал, многу добро ја познавам. Секој Американец ќе има можност да го реализира својот потенцијал.
Ние ќе го насочиме нашиот фокус кон градовите, ќе ја обновиме инфраструктрата, училиштата, нашите луѓе ќе работат на повторната изградба. Ќе се погрижиме за различностите кои беа толку лојални, кои ми ја дадоа поддршкатаа. Ќе се повикаме на најпаметните и најразумните таленти.
Имаме голем економски план и ќе ја направиме нашата економија најсилна во светот.
Ниту еден сон не е преголем, она што го сакаме е на дофат на рацете. Америка нема да прифаќа ништо помалку од најдоброто. Ќе сонуваме за големи, убави, успешни нешта.
Иако американскиот интерес ќе биде на прво место ќе најдеме начин да соработуваме со сите држави.
Ви ветувам дека нема да ве разочарам. За две-три и 8 години доколку повторно бидам ваш претседател, ќе кажете дека тоа беше нешто на што сте особено горди.
Кампањата заврши, но нашата работа и нашето движење сега ќе почне. Веднаш ќе поченеме да работиме на тоа што им го ветивме на Американците. Чест ми е што сум овде и ја сакам оваа земја. Ви благодарам многу – рече Трамп.

Останати вести