Првата македонска професорка на факултет во Австралија за православна теологија

Првата македонска професорка на факултет во Австралија, Анита Стрезова, на 2 август одржа предавање на православната академија за Св. Илија во Парламентот на Нов Јужен Велс . Анита најавува и курсеви по теологија.

 

Првиот курс е по византиска уметност, во кој ќе се расправа за значењето на уметноста, симболизмот, теологијата… Курсот ќе се одржи од 4 до 9 ноември 2013 година на Универзитетот во Сиднеј. Темата на вториот курс е улогата и значењето на православната икона, а ќе се одржи на 1 февруари 2014 година.

Овие курсеви ќе бидат одржани на Универзитетот во Сиднеј, но доколку има интерес професорката Анита курсевите може да ги држи и онлајн.

Останати вести