Oпштинско првенство на билијард во Џилонг

Во социјалниот клуб на македонскиот центар во Џилонг се одржа индивидуалното  општинско првенство во билијард.

На ова годишно првенство се пријавија 12  натпреварувачи. Натпреварите се одигруваа само во петокот а присутните во клубот со големо интересирање ги следеа. Првенството заврши  на 25 декември. Борбата од шесто место до првото место беше неизвесна и рамноправна. Во спортот е познато дека треба да се има некогаш и спортска среќа. Поединечен општински првак во билијард за 2018 година е Цане Стојановски, еден од најдобрите поранешни фудбалери на Џилонг Македонија. На второ место е Васко Мановски  а на трето место Стребре Собевски. Во текот на 2019 година ќе се одржи поединечно првенство и во двојки. Доколку има билијардски клубови од македонската заедница во Мелбурн и изразат желба за соработка нека се ја ват на моб: 0407 565 022.

Митко Николовски

Останати вести