Се појави првиот „климатски азилант“

На граѓанин на архипелагот Кирибати Нов Зеланд не му ги уважил аргументите дека неговиот остров тоне поради зголемување на морското ниво
Судот на Нов Зеланд во Велингтон го одби барањето за “климатски азил” на граѓанин од Кирибати. Тој барал азил во Нов Зеланд поради зголемување на морското ниво.

 

Адвокатите на 37-годишниот Јоан Тејтиола изјавија дека нивниот клиент не може да биде депoртиран во татковината и покрај тоа што му истекува новозеландската виза, бидејќи зголемувањето на нивото на морето претставува опасност за неговата земја.

Архипелагот Кирибати се состои од околу 30 корални острови, чија површина е малку над водата. Цели зони често се поплавени од океанот. На бреговите им се заканува ерозија, а реколтите се загрозени поради продирање на солената вода во резервоарите со вода за пиење.

Судијата на Врховниот суд на Нов Зеланд, Џон Присли, истакна дека граѓаните на Кирибати се погодени од нарушување на животната средина, нагласувајќи дека милиони луѓе од крајбрежните региони се во слична состојба како и Тејтиола. Судијата посочи дека ако на Тејтиола му биде одобрено барањето, тогаш азил можат да побараат уште милиони луѓе што се наоѓаат во слична состојба.

Останати вести