Паднаа првите федерални гласови

Скот Морисон и Бил Шортен во Западна Австралија ја промовираат својата предизборна кампања. Анкетите покажуваат дека можеби изборите нема да бидат толку предвидливи.
Гласачите можат да ги видат првите индикации на договорите на големите и малите партии во моментов и веќе предвремените гласачките места се отварени за гласање за федералните избори.

Анкетите во изминативе денови покажуваат дека разликата помеѓу партиите се намалила во текот на изминатите две недели.
Истражувањето на Newspoll што го нарача The Australian покажува дека лабуристите и понатаму водат кога станува збор за гласовите после преференците на гласачите – тие освојуваат 51%, а Коалицијата 49%, што е најдобар резултат на владата откога во август минатата година Морисон стана прајминистер.
Пратеничката на опозицијата во првите редови Penny Wong вели дека лабуристите знаат оти резултатите на анкетата се многу блиску во последните недели на кампањата.
Заменикот на прајминистерот Michael McCormak вели дека многу луѓе му зборуваат за нивната загриженост за „непостојаниот” Бил Шортен.
„Факт е дека анкетите, без разлика кој ги нарачал, секогаш точно ја покажуваат наклоноста на гласачите. Една недела во политиката е многу време. Денот може да биде долг во политиката. На 18 мај ќе се слушне гласот на народот” – вели тој.
Анкетите покажуваат пад на примарната наклоност на гласачите кон двете партии – Коалицијата падна на 38%, а лабуристите на 37% – поради ова се важни преференциите на помалите партии.
Раното гласање се отвори во понеделникот, а летоци за тоа како да се гласа кои се делат низ земјата покажуваат какви се договори се направени околу преференциите. Во исто време кога ја обвинуваат владата за договорот со Clive Palmer кого го нарекуваат „губитник” и „измамник”, лабуристите со истиот овој магнат на рударската индустрија се договориле да го стават на второ место на своите промотивни летоци во Тасманија.
Во исто време Владата на Морисон, кои го опишуваа Palmer како „помало зло” од останатите можности, постигнаа договор за преференциите во Јужна Австралија.
Pauline Hanson му фрли сламка на спас на Морисон ставајќи ги лабуристите на последно место на своите летоци во четирите критични изборни единици – единицата Dickson на Peter Dutton во Квинсленд, изборните единици во Западна Австралија на државниот адвокат Christin Poter и Andrew Hastiej, како и Petrie во Јужна Австралија на Lukeа Howarthа.

Останати вести