ПУТИН ФРАПИРАН: Не може да ми влезе во глава како може да се поништи пресуда за силување на дете!

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот за меѓунационални односи остро ја критикуваше европската политика кон мигрантите, а како една од причините зошто на таквата политика не треба да се придржуваат го наведува случајот со силувањето на десетгодишното момче на базен во Австрија.

– Судот го ослободи мигрантот врз основа на две работи: мигрантот не го зборувал јазикот на земјата каде што се наоѓа и второ не можел да го разбере момчето дека го одбива. Не може да ми влезе во глава што си мислеле кога ја донеле таа одлука. Ни рационално не можам тоа да го објаснам – дали таа одлука е резултат на чувството на вина кон мигрантите? Што се случува? – праша Путин.
Рускиот претседател изјавил дека овој случај го отсликува „разрешувањето на националните вредности” на Австрија, и додаде дека „земја која што не може да ги одбрани децата нема иднина”.
Случајот за кој Путин зборуваше се случил на 2 декември минатата година, кога мигрант од Ирак идентификуван како Амир А., на базен во Виена силувал момче од српско потекло.
Силувачот своето гнасно дело пред полицијата го оправдал со тоа што „имал голема потреба, бидејќи неколку месеци немал сексуални односи”.
Првично Амир бил осуден на шест години затвор, но судот ја поништил пресудата врз основа на тоа што тој не можел да го разбере момчето дека не сака да има односи со него.

Останати вести