Во договор со Обама, Путин тргна да ја уништува Исламската држава?

Русија ја почна воената интервенција во Сирија распоредувајќи борбени летала со кои ќе го почне нападот на позициите на Исламската држава и бунтовниците. Официјален Вашингтон ќе реагира доколку процени дека Русите сакаат да си ја осигураат стратешката позиција во Сирија

Руските пилоти на борбените авиони и хеликоптери, како и тенкови и артилерија почнуваат да пристигнуваат во Сирија, објави порталот „Ynet”.
Според зборовите на западните дипломати, руската експедиција веќе стигнала во Сирија и се сместила во воздушна база која е под контрола на претседателот Башар ел-Асад.
Базата, како што се наведува, се наоѓа во околината на Дамаск и ќе им служи на Русите како оперативна база. Во следните недели илјадници припадници на руските воени сили ќе стигнат во Сирија, вклучувајќи и советници, инструктори, техничари и пилоти.
Во моментов нема конкретни податоци за составот на контингентот, но Русија и порано преговараше за продажба на повеќенаменски MiG-ови 29 и напредните авиони за тренинг Yak-130, кои можат да и служат и за борба.
Официјално, Русија нема офанзивни намери кон Израел и другите држави, а главна цел е борба против Исламската држава.
Дипломатските извори тврдат дека Русија и Иран неодамна донеле стратешка одлука со која ќе сторат се за да го спречат ширењето и инфилтрацијата на Исламаската држава и други исламисти на подрачјето на поранешните советски република со муслиманско мнозинство.

ПУТИН ПОТВРДИ:
Руската војска ги тренира сириските војници
“На Сирија на големо и помагаме со опремување и тренирање на нивните војници со наше оружје”, рече Путин на економскиот форум во Владивосток, апренесе агенцијата РИА новости.
Путин рече дека Русија сака да создаде еден вид меѓународна коалиција за борба против тероризмот и екстремизмот.
“Во моментов се во тек консултации со нашите американски партнери. Лично разговарав со Обама за тоа”, рече Путин.
Русија веќе неколку пати досега вложи вето во Советот за безбедност на ОН за да ја изрази поддршката на Башар ал Асад во текот на четити и пол годишната војна која однесе најмалку 250.000 животи.
Минатата недела сириската државна телевизија објави фотографии кои покажуваат руско оклопно возило во борба, а на снимките наводно се слушаат војници кои се довикуваат на руски јазик.
Израелскиот „Yedioth Ahronoth” ги цитираше западните дипломатски извори кои наведуваат дека Русија наскоро ќе испрати во Сирија војници кои заедно со тамошната војска од базата во Тартус ќе се борат против Исламската држава.

Останати вести