Наближува судниот ден за изборите за Рад и Абот

Тони Абот го изненади Кевин Рад

Во изборната кампања на двата лидери на водечките партии на Австралија, Кевин Рад  со лабуристичката  и Тони Абот со либералната партија, започнува да се претчувстува како ќе завршат овие избори.

Предноста на либералната партија секојдневно се зголемува и веќе е направена разлика од осум проценти, како во најлошите моменти пред да биде сменета Џулија Гилард со Кевин Рад. Јавноста моментално изгледа презаситена од начинот на владеење на лабуристите и прајминистерот Кевин Рад. Тој  уште на почеток од кампањата  призна дека се чувстува како да е притиснат на ѕид и ќе има тешкотии да го објасни хаотичното владеење на неговата партија во изминативе години.

Оваа недела започна негативната кампања и се предупредува народот доколку дојде на власт лидерот на опозицијата Тони Абот  и либералите, дека тие што ќе изгубат од неговата победа се Австралијаните.  Лабуристичките стратези  попусто се надеваа дека во првата дебата ќе добијат залет  што им беше неопходен после слабиот  почеток на кампањата, на што поразително влијаеја лошите економски вести.

Зголемен дефицит и долг, се зголемува невработеноста и слабее растот во економијата, се најавува драматичен пад на приходите и инвестициите  во очи на изборната кампања, што ги стави лабуристите во многу незгодна ситуација.

Пред седум години Австралија на федерално ниво и во сите држави имаше избрано лабуристичка влада, но сегашниот тренд е обратен а анкетите најавуваат тежок пораз.

Останати вести