Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, со години се бори со ретката Мулер – Вајсова болест, која ги напаѓа коските на стапалата и предизвикува силни болки при движење.
Светскиот тениски рект број два уште од 2005 година дозна дека ја има оваа болест, поточно лекарите ја дијагностицираа кога тој пред петнаесет години го повреди стапалото.
– Оваа болест тешко се открива додека е се уште во раната даза. Докторите стануваат сигурни дека се работи за ваква болест токму кога ќе почне да напредува. Болките се појавуваат во средниот и задниот дел на стапалото, тие делови отекуваат, а болката потоа се пренесува нагоре, преку скочниот зглоб до коленото. Додека пациентот оди или трча ситуацијата драстично се влошува, открија лекарите на Надал за шпанските медиуми.
Доколку оваа мистериозна болест не се сфати сериозно, може да предизвика сериозни последици. Влошување на ситуацијата предизвикува и фрактура на коската на стапалото, што бара долго опоравување со цел да се ублажат болките. Луѓето кои страдаат од ваква болест користат чевли со посбни влошки кои се прилагодени на коските на стапалата, односно нивната природна положба. Надал уште од раното детство има проблем со стапалата, а професионалното занимавање со спорт и напорните тренинзи влијаеја на тоа болката да се пренесува и на останатите делови од телото. Наводно, неговите проблеми со коленото се само последица на оваа болест. Шпанецот во Мелбурн се жалеше на силни болки во грбот и заради оваа повреда го откажа настапот на турнирите во Ротердам и Акапулко.
Многу пострашно за Надал е тоа што ќе има поголеми проблеми во понатамошните години, бидејќи симптомите најмногу се манифестираат во подоцнежниот живот. Неговото движење на теренот ќе биде многу побавно и потешко како што поминува времето.