Нов Зеланд во тага.
Репрезентативецот во рагби на Нов Зеланд, Џон Лом, кој беше многу доминантен во овој спорт што целата планета му се радуваше на неговата игра на теренот, беше пронајден мртов во Окленд.
Лом (40), имаше големи проблеми со бубрезите, толку големи што во 2002 година мораше да ја прекине кариерата, заради ретка болест, нефротичен синдром. Две години подоцна направи трансплатација на бубрезите, но неговото тело не ги прифати новите бубрези и затоа десет години одеше на дијализа. Но, пред болеста да го тргне од рагбито, беше најдобар во овој спорт.
Петнаесетина пати постигнуваше поен на Светскиот куп што е изедначен оваа година. Кога дебитира за Нов Зеланд против Францја во 1994 година тој го урна рекордот стар 90 години, со што стана најмлад Новозеланѓанец на овој натпревар, имаше само 19 години и 45 дена.
Следната година селекторот Лори Мејн го зеде на Светскиот куп и не зажали. Лом поентираше седум пати од кои четири во полуфиналето на турнирот над Англија. Набзо стана легенда, заради своите насилни продори низ редовите на противникот. Стана и амбасадор на УНИЦЕФ за својата земја.
Почина под неразјаснети околности, но австралиските медиуми наведуваат дека на тоа влијаело неговото здравје, односно проблемите со бубрезите.