Рагбист почина по натпревар

Грент Кук (28) почина како последица на повредите што ги здоби при соборување од противнички играч на терен.

Рагби-натпревар во аматерска конкуренција во НЈВ заврши фатално по еден од учесниците. Грент Кук (28) почина како последица на повреди што ги здоби при соборување од противнички играч на терен.
Трагичната вест доаѓа од Мурвилумба, рурален крај во Нов Јужен Велс На помош на несреќниот Кук му притрчаа официјалните лица на средбата, но залудни беа и нивните обиди, како и оние на болничкиот персонал
Кук настапуваше за локалниот клуб Мурвилумба Мустанг, а трагедијата се случи во меч против Казино Кугорс.

Останати вести