Ракетниот штит ќе ја брани дури и Македонија

 

САД го активира во четвртокот противракетниот штит во Европа речиси деценија откако Вашингтон предложи на партнерите од НАТО да ги заштити од ирански ракети со среден дострел (до 3000 км).

Во јужна Романија, на 50 км од бугарската граница, во четвртокот претставници на САД и НАТО објавија официјално дека базата крај Девеселу се активирала. Во јули таа ќе биде предадена на командата на НАТО. На местото на поранешната воздухопловната база на Романија се наоѓаат 24 ракети SM-3 и радар од системот “Еџис” (Aegis).
Во петокот во Полска започна изградбата на вториот клучен објект од штитот во Источна Европа, кој треба да е подготвен во 2018 година. Така НАТО ќе добие деноноќна заштита, интегрирана со радарите и бродовите на САД со противракетни системи кои веќе се наоѓаат во Средоземното Море и со седиште во Шпанија. Во Турција има радар за следење ис­трелување на ракети, а во Рамштајн е командниот пункт.
Москва не ги прифати уверувањата дека системот за запирање на ракети не е насочен против неа – нешто што експлицитно беше повторено на церемонијата во Романија и од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Останати вести