Расел Кроу повеќе не изгледа „гладијаторски“

Доколку на улица го сретнете австралискиот оскаровец, сигурно нема да го препознаете. Но за среќа духот и ведрината му останале исти, и своите обожаватели ги воодушеви и насмеа со видео кое го објави.

Оскаровецот повеќе не изгледа ни проближно исто како што некогаш изгледаше, додека го снимаше светскиот хит „Гладијатор”. Без разлика на тоа што оттогаш поминаа 17 години, сепак некои негови колеги на негови години редовно вежбаат. По се изгледа дека популарниот актер воопшто не го интересираат потенцијални акциони улоги во кои би требало да покаже завидна физичка кондиција. Пред неколку денови 50 годишниот актер е фотографиран во Сиднеј додека одел на фризер. Изгледа поголем од било кога. Иако со години ги одбегнуваше социјалните мрежи, сепак попушти и со весели фотографии и снимки ги расположува обожавателите. Неодамна отвори свој профил на Инстаграм и објави премногу смешна снимка од бањата во која со гласот на гладијаторот Максимус, мртов сериозен изјавува како од ДЦ Универс наскоро стигнува човек кој ја негува кожата.

Останати вести