Од географските мапи се бришат имињата кои имаат назнаки на расизам

Десетина топоними во сојузната држава Квинсленд, во кои се содржи зборот „црнец” (nigger) ќе се преименуваат поради назнаките на расизам во нивното име, соопштија властите.

Министерството за рударство и природни богаства на оваа држава уште во мај информиаше дека од своите бази на податоци го избришале секое спомнување на ‘Niggers Bouncea’, планина на север. Потоа темелно ја прочешлале истата база и елиминирале уште девет топоними, Mount Nigger, Nigger Head и седум места со името Nigger Creek.
„Политиката на именување места овозможува повеќе да не користиме навредливи имиња и нудиме замена за нив – истакнува Министерството во соопштението. Овие места се уште не се преименувани затоа што старите имиња се уште ги има во мапите и архивите. Промените се објавени за време на дискусијата која се води за статуи од колонијалното време и се почестите барања подобро да се признаваат заслугите на Абориџините во историјата на земјата.
Нов Зеланд минатата година преименуваше три места во Јужните Алпи на Јужниот Остров, заменувајќи ги со зборови позајмени од маорскиот јазик.

Останати вести