Прекрасната Моника блесна на својот значаен ден во две венчаници, а цветните мотиви доминираа во декорацијата.
Моника Радуловиќ, која во 2015 година беше победничка на изборот за мис на Австралија и беше испратена да ја претставува Австралија на Мис Универзум, му го кажа судбоносното „да” на нејзиниот сакан, уметникот Алесандро Љубичиќ, на раскошна церемонија во Сиднеј.
Свадбата се одржа во локалот „Miramare Gardens” со церемонија на отворено, неверојатни декорации со цвеќе, кристални лустери и што уште не.
Невестата носеше венчаница од брендот Galia Lahav украсена со Сваровски кристали, а потоа се пресоблече во секси венчаница од тантела. Парот се возеше со Ролс-Ројс.