Разбојник од банка во Ѓорче Петров украл $ 9 илјади евра

Околу $ 9 илјади бил пленот со кој четириесет и тригодишниот А.М. од Скопје во четвртокот се обидел да побегне, откако среде бел ден извршил грабеж во филијалата на Стопанска банка во Ѓорче Петров.

Но, полициските “алфи” набрзо успеале да го пронајдат и да го уапсат. Во акцијата, разбојникот бил повреден во пределот на главата и потоа бил пренесен во Градската општа болница, каде што му биле констатирани телесни повреди. Тој е надвор од животна опасност. СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот. Тој ќе одговара за „разбојништво”, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распркувачки материјали”. Според МВР, разбојникот со фантомка на глава влегол во банката на улицата „Ѓорче Петров” и заканувајќи се со оружје украл 377,900 денари. Потоа со „ситроен” побегнал од местото. По пријава на вработена во банката, полицијата ги ангажирала сите единици во негова потрага. Кај мостот „Влајко”, во скопската населба Влае, било пресретнато возилото. Полицијата во „ситроенот” пронашла ранец во кој биле украдените пари од банката и еден мобилен телефон, додека пиштолот заедно со рамка со три куршуми, е пронајден и подигнат од коловозот на булеварот „Партизански Одреди”.
Ограбувачот на банката бил сликар
Разбојникот А.М. бил сликар од Скопје. Не се знае зошто се одлучил да влезе во криминални води и да ограби банка. Според МВР, против А.М. во периодот 1988 до 2008 година биле поднесени две кривични пријави. Разбојникот бегајќи накај „Влајко” налетал на полициска патрола која се обидела да го запре сигнализирајќи му со светло. Тој не запрел по што полицајците трнале во потера со своите возила. Низ прозорецот му покажале легитимации и му наредиле да го запре движењето. Разбојникот во паника почнал да пука кон нив на што „алфите” возвратиле. Неговите куршуми завршиле во возилото, а полицајците возвратиле на огнот и го погодиле „цитроенот” неколку пати по што автомобилот застанал педесетина метри пред семафорите пред „Влајко”. Разбојникот бил повреден од парчињата стакло од скршените прозорци од возилото што го управувал.

Останати вести