Македонскиот прволигаш Академија Пандев од Струмица им се врати на активностите и првите подготовки за новата сезона, а истовремено се потврди дека следи разделба со половина тим.
„Пандевци” ќе прават комплетна реконструкција и во екипата ќе носат млади имиња. Затоа, следи разделба со осум искусни играчи, повеќето од нив првотимци.
Од тимот од минатата сезона екипата ја напуштија: Душан Чубраковиќ, Мите Цикарски, Стефан Костов, Ангел Гранчов, Бојан Најденов, Кристијан Стојкоски, Ѓорги Танушев, Ндуе Мујеци.
Тренерот Александар Таневски, кој ја продолжи соработката со екипата, ќе има на располагање нов тим кој ќе може да го гради по своја мерка.
Играчите и стручниот штаб на Академија Пандев направија тестови за ковид-19, а откако сите беа негативни почнаа со физички вежби и тестови за подготвеност.