‘Рчењето е мошне непријатна појава која освен што ја вознемирува вашата партнерка му штети и на вашиот сон. Кај мажите е многу почеста оваа состојба, отколку кај жените. За среќа, постојат неколку едноставни трикови кои можат брзо и ефикасно да го решат овој иритирачки проблем.
Перница. За да го спречите ‘рчењето потребно е да ги ослободите дишните канали. Тоа ќе го направите наједноставно со помош на перница. Спијте на многу тенка или, пак, на дебела, двојна перница. И двете позиции ќе ви овозможат да дишете непречено, а со самото тоа да престанете да ‘рчите.
Спијте странично. Со спиење на грб ги притискате дишните канали што доведува до ‘рчење, додека положбата на левото или десното рамо ги отвора каналите. Исто така, спиењето на гради без перница може да ви го олесни дишењето. Распрашајте се за анатомски перници кои се посебно дизајнирани против ‘рчење.
Намалете ја тежината. Ако неодамна сте се здебелиле и сте почнале да ‘рчите, време е да се вратите во форма. Вишокот масти, особено околу вратот, можат да предизвикаат ‘рчење.
Подигнете ја главата. Поставете дополнителна перница за потпора на главата. Ова може да намали дел од притисокот врз дишните патишта. ‘Рчењето може да се спречи и со избегнување алкохол и лекови за смирување. Иако и од двете состојки поцврсто ќе спиете, тие ги опуштаат мускулите на грлото и тоа доведува до ‘рчење.
Пред спиење, туширајте се со жешка вода. Така ќе ги прочистите носните канали.
Одржувајте го воздухот во спалната соба влажен. Користете освежувач за воздух. Сувиот воздух може да ги иритира носните и мембраните на грлото.
Менувајте ги навлаките на перниците. Алергените што се таложат во перницата може да придонесат за ‘рчењето. Проветрувајте ги перниците почесто и чувајте ги домашните миленици надвор од спалната соба.
Премореноста може да предизвика ‘рчење. Внимавајте на дисциплината на сонот и заминувајте на спиење колку што може поодморени.
Вежбајте ги грлото и носот, за да го зацврстите ткивото одговорно за ‘рчење.
1. Повторувајте ја секоја самогласка, гласно, 3 минути, неколку пати во денот.
2. Поставете го врвот на јазикот зад предните заби, а потоа лизгајте го наназад. Повторете трипати.
3. Затворете ја устата и вовлечете ги усните. Држете така околу 30 секунди.
4. Исплазете го јазикот колку што е можно повеќе, па релаксирајте го. Повторете 10 пати.
5. Пробајте со јазикот да ја достигнете вашата брада, а потоа вашиот нос. Повторете 10 пати.
6. Отворете ја устата и стегајте ги мускулите на грлото, одново и одново, за време од 30 секунди.
Стручна помош: Ако не успее ниту еден од споменатите трикови, обидете се со фластери против ‘рчење кои се едноставни за употреба и во повеќето случаи корисни. Ако не успее никаква алтернатива, можеби треба да се обратите кај експерт. Во случај на тешко и гласно ‘рчење, гушење, будење со главоболка и тешкотии при концентрација, посетете лекар.