Во последниот меч во 36-то коло на шпанското фудбалско првенство Реал Мадрид на гостувањето ја победи Гранада со 2:1 и на две кола пред крајот на првенството има четири бода повеќе од Барселона. Во последните 9 кола тимот од Мадрид има исто толку победи.
„Кралскиот клуб” сега во Мадрид ќе има можност со победа над Вилјареал да ја обезбеди 34-та тутула шампион на Шпанија.
Зидан: „Реал е најголемиот клуб во историјата, тоа не може да го промените”
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, уште еднаш истакна дека не го интересираат приказните оти неговиот тим победува со помош на судиите.
Реал во последните три натпревари доби три пенала поради што во Шпанија се покрена голема дебата околу употребата на ВАР-системот. Два од последните три натпревара ги доби со 1:0.
– Не ме интересира што зборуваат другите. Нашата работа е да покажеме колку сме добри. Сите сакаат нешто да кажат бидејќи Реал е најголемиот клуб во историјата, тоа нема да се промени, рекол Зидан и дополни.
– Секој има право на свое мислење, нема да дозволам тоа да ми влијае. Ние сме задолжени за она што се случува на теренот, за мене е најважен трудот што го вложуваат играчите.